Последен репрезентативен танц за Саздовска и Маџовска!

Денешниот натпревар против Полска кој може да биде пресвртница во женскиот репрезентативен ракомет, ќе биде последен во дресот со националниот грб за две ракометарки.

Станува збор за левото крило Јована Саздовска и левиот бек Симона Маџовски, кои ќе го одиграат последниот репрезентативен натпревар во кариерата.

Саздовска ја најави репрезентативната пензија по ЕП 2024, но колешките ја наговорија да се врати на кратко и да помогне на овој бараж двомеч со Полска за пласман на Мундијалот во Германија и Холандија.

Маџовска, која за прв и последен пат ќе игра пред своите битолчани во дресот на репрезентацијата, ќе продолжи да биде активна само на клупско ниво во германскиот Цвикау.

Двете беа дел од две големи натпреварувања со женската репрезентација на ЕП 2022 во Македонија, Словенија и Црна Гора, и на ЕП 2024 во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Натпреварот меѓу Македонија и Полска се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 19:00 часот.