Порто во Франција најде замена за Митревски

Откако минатата сезона под водство на Карлос Резенде не успеа да освои ниту еден трофеј, ова лето го врати на кормилото Магнус Андерсон.

Шведскиот стратег и раководството веќе почнаа да го формираат играчкиот мозаик за претстојната сезона.

На местото на Никола Митревски, Порто го ангажираше францускиот голман Пјер Рубен, кој доаѓа од тимот на Трембле.

Станува збор за 25-годишен голман, за кого ова ќе биде прво интернационално искуство, откако претходно настапуваше за Монпелје, Сесон и Трембле.

Покрај Митревски, кој се врати во Еурофарм Пелистер, Порто остана и без десното крило Ареја (Трембле), Лесо (Силкеборг), Бранкињо (Спортинг), Алвес (Агуаш Санташ) и Плаза (Татабања).