Порто потклекна дома пред Монпелје

Португалскиот првак Порто загуби дома од францускиот Монпелје со 29-25 и пропушти прилика да се искачи на петтата позиција, која сега му припаѓа на ривалот.

Митревски доби шанса од тренерот Резенде во последните неколку минути кога на Порто му гореше под нозе, но веќе немаше време да се смени текот на настаните.

Порто отвори со 3-0, но како одминуваше времето така Монпелје фаќаше приклучок, ја презема контролата, имаше и предност во неколку наврати, но на пауза се замина со реми, 13-13.

Болцингер бранеше добро на стартот на вториот дел, Порто немаше многу расположение играчи за голови, а Пелас и Карлсон ги казнуваа сите грешки на домашните.

По водството на Порто со 17-16, следуваше серија на Монпелје од четири гола за 20-17 и тука натпреварот беше решен. Французите до крај одиграа рутински, а домаќините беа упорни, но не можеа да го направат завршниот чекор за камбек.