Порто го слави македонскиот „октопод“: Митревски во ТОП 5 одбрани на колото! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е херојот на португалскиот шампион Порто во победата над ГОГ со 32-31.

Двојната одбрана на Македонецот на двобојот со данскиот првак се најде во ТОП 5 изборот на медиа тимот на ЕХФ.

Митревски собра вкупно 14 интервенции и тоа само во второто полувреме кога го бранеше голот на Порто.

Покрај нашиот чувар на мрежата, во ТОП 5 одбрани, се најде и една од одбраните на Калифа Гедбан од Еурофарм Пелистер на мечот со полскиот Келце.

Погледнете ги ТОП 5 одбрани на колото во Лигата на шампионите ТУКА.