Поранешна репрезентативка на Македонија почнува тренерска кариера во школата на Младост

Поранешната македонска репрезентативка Ленче Илкова ќе започне тренерска кариера во една од школите на прволигашот Младост Богданци.

Таа ќе ја води школата на Младост во Дојран, која се реактивира по три години, а уписите веќе се започнати.

Илкова по богатата кариера во Турција и по долго време се врати во Македонија, лани го носеше дресот на Гевгелија, но оваа сезона играчката ќе ја замени со тренерската кариера.

Кружниот напаѓач своевремено пред настапите за Еуростандард Ѓорче Петров и Кометал Ѓорче Петров го носеше дресот на Млаз Богданци.

Покрај Илкова, во школата на Младост Богданци работи и Анита Туранова, а двете веќе започнаа да ги посетуваат тренерските семинари на РФМ.

Освен Илкова и Туранова, во школите на тимот од Богданци во регионот работат и Никола Роглев, Митко Стоилов, Перо Минев и Горан Паунков.