Поранешна македонска репрезентативка во стручниот штаб на Скопје

Поранешната репрезентативка на Македонија, Веселинка Треноска, која во минатата сезона ја заврши клупската кариера, стана дел од стручниот штаб на Скопје.

Искусната Треноска во Скопје соработува со двете колешки од Кометал ЃП, Андријана Будимир и Валентина Радоловиќ и ќе има задача да им го пренесе своето богато искуство на младите голмани.

Покрај работењето во женскиот сениорски тим на Скопје, Треноска работи и со голманите на машките селекции, односно со пионерите и кадетите. Скопје се наоѓа на средината на табелата, но за следната сезона се најавени поголеми амбиции.

Треноска на репрезентативно ниво беше дел од сите младински категории на Македонија, го носеше и сениорскиот дрес, а најголемиот успех со македонската репрезентација го постигна на Европското првенство 2008.

Тогаш „црвено-жолтите“ под водство на Владимир Глигоров успеаја да ја поминат групната фаза и настапот на континенталниот собир го завршија со пласман меѓу најдобрите осум репрезентации.

Клупската кариера Треноска ја започна во Кометал ЃП, беше дел и од Еуростандард ЃП, потоа настапуваше за Ѓорче Петров, Вардар, Кастриоти, Гевгелија, Куманово, како и косовскиот Феризај.