Поповски во животна форма, Цирих во последната секунда го сруши шампионот Кадетен!

Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, оствари голем триумф над шампионот Кадетен Шафхаузен, 27-26.

Цирих водеше со четири гола во првиот дел и можеше многу порано да го реши победникот, но Кадетен израмни на 26-26, а победничкиот гол беше дело на Калеб во последната секунда.

Десното крило, кое во Цирих ја покрива и десната бековска позиција, на овој меч постигна пет погодоци.

Сега Цирих има 26 бода на второто место, додека Кадетен и покрај поразот остана прв но сега разликата е само три бода.

Во следното коло на 17 декември, Цирих и Поповски ќе му гостуваат на осмопласираниот Кројцлинген.