Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, оствари голем триумф над шампионот Кадетен Шафхаузен, 27-26.
Цирих водеше со четири гола во првиот дел и можеше многу порано да го реши победникот, но Кадетен израмни на 26-26, а победничкиот гол беше дело на Калеб во последната секунда.
Десното крило, кое во Цирих ја покрива и десната бековска позиција, на овој меч постигна пет погодоци.
Сега Цирих има 26 бода на второто место, додека Кадетен и покрај поразот остана прв но сега разликата е само три бода.
Во следното коло на 17 декември, Цирих и Поповски ќе му гостуваат на осмопласираниот Кројцлинген.