Македонскиот интернационалец Мартин Поповски игра во одлична форма во новата сезона од швајцарскиот шампионат.
Неговиот тим Цирих славеше на последниот натпревар против Кројцлинген со 30-28, откако на полувремето имаше реми, 13-13.
Поповски беше најдобар стрелец на теренот во двете екипи и успеа да постигне седум гола од девет обиди.
Со ова издание ја заслужи наградата за најкорисен ракометар, односно МВП на натпреварот против Кројцлинген.
Поповски е во ТОП 10 листата на стрелци во швајцарскиот шампионат со 37 постигнати погодоци на досегашните натпревари.