Тимот на Цирих, каде што настапува македонскиот интернационалец Мартин Поповски, загуби на гостувањето кај Базел со 30-28.
Во неочекуваниот пораз кај последниот тим на табелата, Поповски беше меѓу најдобрите стрелци.
Тој успеа да постигне четири погодоци, а повеќе од него дадоа Смитс – пет и екс членот на Металург, Лапајне, осум.
Поповски и Цирих се наоѓаат на четвртото место на табелата, а следен предизвик ќе им биде домашниот меч со Сент Гален.