Поповски перфектен, Цирих си го „загорчи животот“

Тимот на Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, загуби вторпат по ред од Сур Арау во четвртфиналето на швајцарскиот плеј-оф.

Цирих, по поразот на гостински терен, сега загуби и на домашен терен со 32-30, па Сур Арау води во серијата подобар од пет меча со 2-1.

Поповски беше најдобар стрелец во составот на Цирих и успеа да погоди седум пати од седум обиди, од нив четири беа од линијата од седум метри.

Сега Цирих си го „загорчи животот“ и ќе мора да слави на гостувањето во Арау и да обезбеди решавачки, петти меч на домашен терен.