Поповски меѓу најдобрите, Цирих се врати на победите

Екипата на Амичитија Цирих, во која настапува Мартин Поповски, во натпревар од 25. коло од шампионатот на Швајцарија славеше над Сент Гален со четири гола разлика, 37:33.

Македонецот беше меѓу најефикасните во победничката екипа, натпреварот го заврши со шест гола од осум обиди, додека на спротивната страна Роберт Вебер беше најефикасен со седум реализации.

Амичитија Цирих со новата победа го зголеми бодовното салдо и сега има 27 бода на своето конто, моментално се наоѓа на 4-то место на табелата.

Во следното коло, тимот на Поповски повторно ќе има одлична можност за нови два бода, бидејќи ќе игра против Тун