Поповски го носи Цирих кон врвот во Швајцарија

Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот репрезентативец Мартин Поповски забележа трета победа во швајцарскиот шампионат.

Цирих на гостински терен беше подобар од тимот на Женева со убедливи девет гола разлика, 32-23.

Десното крило од Македонија беше втор стрелец на овој натпревар со четири постигнати погодоци од седум обиди.

Цирих сега е прв на табелата со седум бода, еден повеќе од Кадетен и Берн Мури, и два повеќе од Криенс Луцерн.