Поповски е херој на Цирих – со три гола по ред го сруши Берн!

Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски славеше на тешкото гостување кај Берн.

Во натпревар од 20 коло на швајцарскиот шампионат, тимот на Поповски забележа триумфот со еден гол разлика, 26-25.

Македонецот беше херојот на Цирих и со три гола по ред во последните четири минути го потврди триумфот.

По 23-23, најпрво Поповски погоди од тешка позиција, потоа и на празен гол и на крај реализираше и седмерец за 26-25.

Десното крило, кое во Швајцарија најчесто игра на десната бековска позиција вкупно имаше пет погодоци од шест обиди.

Цирих е трет на табелата со 28 бода, зад Криенс Луцерн кој има 29 на второто место и лидерот Кадетен Шафхаузен кој има 33.