Селекторот на машката репрезентација на Полска, Марцин Лијевски, објави список на ракометари на кои ќе смета за подготвителниот период за СП 2025.
Тој смета на дури 27 ракометари, од кои седуммина поради клупските обврски ќе се приклучат на 2 јануари.
Полска ги стартува подготовките на 26 декември во Плоцк, и главните тестови пред Мундијалот ќе ги има против Австрија, Тунис и Јапонија на турнирот од 8 до 10 јануари.
Лијевски нема да смета на Симон Шичко, го нема ниту голманот Матеуш Корнецки, но ќе смета на еден од најдобрите стрелци во Лигата на шампионите, Камил Шипжак.
Екс вардарецот Патрик Валчак реши да ја заврши репрезентативната кариера, исто како и левото крило Пжемислав Крајевски, додека уште еден поранешен вардарец, Јан Чувара, се најде на списокот на Лијевски. Го нема ниту повредениот Михал Дашек.
Полска се најде во тешка група на СП и ќе се соочи со Чешка, Швајцарија и Германија.