Полјаците триумфално на првата контрола со Аргентина пред ЕП

Селекцијата на Полска имаше победнички старт на пријателските натпревари пред Европското првенство во Германија.

Избраниците на Марцин Лијевски славеа минимално против Аргентина со 27-26, иако во финишот имаа плус пет, 27-22.

На полувреме беше нерешено, 13-13, во вториот дел 17-17, но потоа Полјаците нагазија и ја направија клучната предност.

Овие две селекции на 29 декември ќе одиграат уште еден пријателски натпревар.

Полска е во незгодна група со селекциите на Норвешка, Словенија и Фарски Острови, а првите две ќе обезбедат место во главната рунда.