По три одиграни кола во Женската лига: Се наѕираат кандидатите за плеј-офот

Изминатиот викенд беше комплетирано 3. коло во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија. Натпреварот меѓу Астибо и Стружанка не се одигра, бидејќи тимот од Струга го известило РФМ дека нема да патува во Штип.

Натпреварувачката комисија на РФМ ќе постапи согласно пропозициите за Женската лига и ќе го регистрира натпреварот со службена победа за домаќинките и 10-0. Со овие бодови, штипјанки ќе бидат многу блиску до позиција што води во плеј-офот од Женската лига.

На одиграните натпревари од третото коло немаше изненадувања, фаворитите одиграа според планот и дојдоа до посакуваните бодови. Актуелниот шампион Ѓорче Петров славеше на гостувањето кај Вардар, додека амбициозниот Металург Автокоманда прими само 10 гола од Гевгелија, а постигна дури 52.

На прва сезонска победа се рауваше Деспина, која на свој терен го совлада Спартак, додека некогашниот шампион Куманово во Свети Николе ја запиша втората победа во новата сезона и сега има „два од два“.

Скопје со победата над вториот тим на Ѓорче Петров дојде до втор сезонски триумф и со новите два бода се позиционира на 2. позиција во А групата.

Женска лига, 3. коло, резултати:

Група А
Скопје – Ѓорче Петров 2 29:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Стружанка 10:0 (службено)
Чаир слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЧАИР880016
2АСТИБО850310
3СКОПЈЕ84139
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82155
5СТРУЖАНКА80080

Група Б
Металург Автокоманда – Гевгелија 52:10 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ – Куманово 12:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА871015
2КУМАНОВО861113
3ПЕЛИСТЕР 201284048
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82064
5ГЕВГЕЛИЈА80080

Група В
Деспина – Спартак 39:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Ѓорче Петров 22:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ880016
2ВАРДАР860212
3ДЕСПИНА84048
4СПАРТАК82064
5ШАМПИОН80080

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 3. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Андреа Конеска - Деспина
72.73%
Сара Цветановска - Куманово
16.45%
Катерина Дамјановска - Ѓорче Петров
10.82%