По терористичкиот напад во Москва – одложено дербито меѓу Ростов и ЦСКА на Ристовска!

Руската ракометна федерација објави денеска дека се прекинати сите ракометни активности до 27 март, вклучително и дербито во Женската лига меѓу Ростов Дон и ЦСКА Москва каде што игра Сара Ристовска.

По терористичкиот напад што се случи синоќа во концертната сала „Крокус Сити Хол“, во кој загинаа најмалку 150 лица (досега потврдени), одложени беа најпрво сите културни и спортски настани викендов во Москва.

Но најновата информација од руската федерација е дека тоа се однесува на ракометните активности и натпревари во сите конкуренции на територијата на целата држава.

Дербито во Ростов Дон требаше да се игра на 25 март в понеделник, но наскоро ќе добие друг датум, како и сите други натпревари во сите конкуренции.