По дебаклот на ЕП – „фрчат“ остави во Српскиот ракометен сојуз

Незадоволството од процесот на одлучување, но и од резултатите, донесе до уште две оставки во Управниот Одбор на Српскиот ракометен сојуз.

Првата седница по настапите на големите натпреварувања на женската и машката селекција, донесе расправа за извештаите на селекторите Тони Херона и Урош Брегар.

Легендарната ракометарка Лилјана Кнежевиќ беше најгласна во критиките кон Брегар и поднесе оставка од УО на РСС.

„Не смеевме да дојдеме во ваква ситуација по заминувањето на Андреа Лекиќ да немаме среден бек. Како не размислувавте за тоа навреме? Андреа е врвен играч, на неа се засноваше цела игра и сега имаме проблеми. Ако веќе не можете да бидете во земјата подолго време, веројатно имате соработници кои можат да ги следат клубовите и да ви пренесат информации“, изјави Кнежевиќ за извештајот на Брегар.

Потоа се осврна и на отказот на Херона.

„УО можеше да биде известен за се што се случува со Тони Херона. Ако мислиме дека нешто не чини, тогаш за тоа треба да се дискутира, а не да се гура под тепих“, заврши Кнежевиќ.

Покрај Кнежевиќ, оставка поднесе и Милорад Кривокапиќ, кој беше задолжен за сите машки селекции. Претходно од УО замина уште една прославена српска ракометарка, Јелена Ериќ, која беше незадоволна што одлуката за отказ на Херона не беше донесена со членовите на УО.

Со Херона, заминува и целиот стручен штаб во кој беа Жикица Милосављевиќ, екс играч на Куманово, како и легендарниот голман Димитрије Пејановиќ.