По 30 меча заврши серијата без пораз на Магдебург, тренерот ќе може да се избричи

На денешниот меч од Бундес лигата против Хановер, заврши серијата долга 30 натпревари без пораз на европскиот шампион Магдебург во сите натпреварувања.

Избраниците на Бенет Вигерт загубија со 28-27 кај незгодниот Хановер, а тој ќе може да се избричи по долго време.

Иако на полувреме имаше четири погодоци предност, 18-14, сепак слабото издание и самото деветте постигнати гола во вториот дел беа причина за поразот на Магдебург.

Вигерт има суеверие да не ја бричи брадата додека неговиот тим победува, но и на таа серија и дојде крајот.