По 22 години, капитенот на БиХ се прости од националниот дрес!

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина откако остана без селектор по настапот на Европското првенство, остана и без капитенот.

Легендарниот Мирсад Терзиќ, кој цели 22 години настапуваше во дресот на Босна и Херцеговина, реши да ја заврши репрезентативната кариера.

Терзиќ се уште е активен на ракометните терени и настапува во дресот на Висла Плоцк, откако таму се пресели од унгарскиот Веспрем.

Со репрезентацијата на Босна и Херцеговина, за која постигна 472 погодоци играше на СП 2015, ЕП 2020, ЕП 2022 и ЕП 2024 година.