По 14 месеци Куманово пак го победи Пролет

На Куманово му требаа 14 месеци за повторно да се израдува на победа на дуел пртив Пролет, откако во 5. коло од плејаутот кумановци славеа со 35-28 (19-14). На последната меѓусебна средба во Куманово, екипите ги подлеија бодовите, а последен пат домашните се израдувале на триумф во февруари 2025 година.

Мечевите од плејаутот се повеќе „проформа“ бидејќи ниту Куманово ниту Пролет се во опасната зона. Со новите два бода сега Куманово има 15, четири помалку од Пролет кој е третопласиран на табелата во плејаутот.

Куманово „врза“ серија од три победи по ред, а имаат четири на последните пет средби во плејаутот. Пролет вторпат по ред е поразен во разигрувањето, откако претходно имаше три победи по ред.

Од самиот почеток на средбата домашните беа решени и мотивирани да победат. Имаа водство кое се зголемуваше, и во второто полувреме стигна до највисоките „плус 8“ гола (25-17). во 39 минута.

И држеа уште извесно време домашните со предност, а потоа како доаѓаше крајот така и попушташе концентрацијата, па Пролет намали на само три гола негатива на почетокот на 51 минута. Тие последни 10 минути од мечот беа малку понеизвесни, зашто Пролет се обидуваше да дојде до пресврт, а Куманово не го дозволи тоа. Во 57. минута домашните пак зголемија, сега на 33-27 и ги реија сите дилеми.

„Десетка“ погоди Омар Мамух Радван кај Куманово, а два гол апомалку постигна Тоше Ончев. Кај гостите Андреј Стојановски даде 11 гола.