Пионерки: Вардар и Ѓорче Петров на максимум, Делчево триумфално против Старк

Изминатиот викенд се комплетираше 6. коло во пионерската лига во женска конкуренција.

Во група А, Вардар останува лидер на табелата, откако ја продолжи победничката серија против Кузман Вардар со 32-15 и сега има шест од шест. Најефикасна кај Вардар беше Сара Ристовска со шест гола, додека кај Кузман Вардар најефикасна беше Мила Савовска со седум гола.

Делчево Вардар забележа убедлива победа против Старк со конечни 33-11. Најефикасни кај Делчево Вардар беа Бојана Ѓеоргиевска со девет гола и Милита Стојменова со осум гола, додека кај Старк најефикасни беа Јана Стојанова и Анастасија Богатинова со по четири гола.

Металург Автокоманда беше подобар од тимот на Овче Поле СУ со 22-15. Најдобар стрелец кај Металург Автокоманда беше Натали Маџовска со осум гола, додека кај Овче Поле СУ со по три погодоци беа Андреа Василева, Мелита Петрова и Нина Крстева.

Астибо продолжува со победите, овој пат славеше против Младост Богданци со 17-7. Најефикасна кај Астибо беше Ана Марија Накова со девет гола, додека кај Младост Богданци најефикасна беше Сара Ќаева со пет гола.

Во група Б, Ѓорче Петров го доби дерби натпреварот со Металург со резултат 18-13. Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Ања Лашкоска со пет гола, додека кај Металург најефикасна беше Ана Георгиевска исто така со пет гола.

Деспина славеше висока победа против Младост Јуниори со конечни 20-3. Најефикасна кај Деспина беше Анастасија Јованоска со седум гола, додека кај Младост Јуниори, Кате Митревска имаше два гола.

Пелистер триумфираше против Чаир со 19-11. Најефикасна кај Пелистер беше Анастасија Тодоровска со девет гола, додека кај Чаир најефикасна беше Рона Мифтари со пет гола.

Покрај езерото, Стружанка ги освои бодовите против Лихнид, откако славеше со убедливи 20-3. Најдобар стрелец кај Стружанка беше Елена Балоска со шест гола, додека кај Лихнид по два погодоци имаше Бојана Билкова, а по еден погодок имаше Калина Симоноска.

Пионерки, 6. коло, резултати:

Група А
Младост Богданци – Астибо 7-17
Металург Автокоманда – Овче Поле СУ 22-15
Старк – Делчево Вардар 11-33
Кузман Вардар – Вардар 15-32

Група Б
Лихнид – Стружанка 3-20
Пелистер – Чаир 19-11
Деспина – Младост Јуниори 20-3
Ѓорче Петров – Металург 18-13