Пионерки: Стружанка го сруши шампионот, Металург триумфално низ Охрид

Викендов се комплетираше 2. коло во пионерската женска лига, каде беа одиграни осум натпревари.

Во група А, победи остварија Металург Автокоманда, Вардар и Делчево Вардар, а интересен натпревар со реми и малку голови одиграа Старк и Астибо.

Тој заврши 12-12, а на полувреме штипскиот состав водеше со 7-6, а на крајот мораше да се спасува од пораз. Најдобар стрелец кај Астибо беше Јана Паневска со девет гола, а кај Старк по четири пати погодија Богатинова и Стојанова.

Делчево Вардар не виде мака со Кузман Вардар, а 20 гола постигнаа Бојана Георгиевска и Мелита Стојменова, додека кај гостинките четири гола имаше Мила Савовска.

Вардар славеше на гости кај Овче Поле Славјански Универзитет со 18-14, а предводник на „црвено-црниот“ тим беше Сара Дамјаноска со пет гола, додека во тимот од Свети Николе се истакна Андреа Василева со седум погодоци.

Металург Автокоманда на домашен терен му дозволи на Младост Богданци да постигне само три погодоци. Во победничкиот тим се истакнаа Маџовска, Наковска и Стојанова со по шест гола.

Во група Б, Чаир со одличен финиш оствари триумф кај Младост Јуниори со 20-17. По 17-17, избраничките на Семие Ислами постигнаа три гола во серија преку Мифтари, Исмаили и Абази, која доби и трето исклучување и црвен картон, но тоа не беше пречка за Чаир да оствари победа. Кај домаќинките од Ресен, се истакнаа Стојчевска со девет и Сеадин со седум гола.

Металург предводен од Мери Арсениевска победи против Лихнид во Охрид со 20-12. Најдобар стрелец во тимот од Автокоманда беше Георгиевска со осум гола, а кај домаќинките се истакна Симоноска со четири.

Стружанка оствари триумф над шампионот Пелистер со 14-12, иако на полувреме битолчанки водеа со 7-6. Трифуноска беше најдобра кај домаќинките со шест гола, додека Тодоровска постигна четири за Пелистер.

Ѓорче Петров триумфираше на гостински терен во Прилеп кај Деспина со 23-14. Ања Лашкоска имаше четири погодоци за „лавиците“, додека Невена Бундоска погоди пет пати за домашните ракометарки.

Пионерки, 2. коло, резултати:

Група А:
Старк – Астибо 12-12
Делчево Вардар – Кузман Вардар 28-10
Овче Поле СУ – Вардар 14-18
Металург Автокоманда – Младост Богданци 21-3

Група Б:
Младост Јуниори – Чаир 18-20
Стружанка – Пелистер 14-12
Лихнид – Металург 12-20
Деспина – Ѓорче Петров 14-23