Пионери: Охрид, Куманово и Еурофарм Пелистер без пораз

Изминативе денови се комплетираше 7. коло од пионерската лига во машка конкуренција, каде беа одиграни голем број на натпревари.

Во група А, лидерот Охрид продолжува со победите, откако славеше против Асови со 40-14. Најефикасен кај Охрид беше Матео Силјаноски со осум гола, додека кај Асови најефикасен беше Петар Петрески со шест гола.

Тимот на Динг убедлив со 52-0 против Јуниор Кисела Вода. Најефикасен во редовите на Динг беше Готфрит Стефановиќ со 13 гола.

Дерби натпреварот го доби Струга против Голден Арт, домаќинот славеше со 21-18. Најефикасен кај Струга беше Давор Мечкароски со седум гола, додека кај Голден Арт најефикасен беше Борјан Црцаревски со четири гола.

Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен освои три бода против Вардар, откако триумфираше со 26-12. Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер 2 беше Антонио Илиевски со седум гола, додека кај Вардар најдобар стрелец беше Никола Атанастовски со шест гола.

Во група Б, Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија и против Тиквеш, откако беше подобар со 21-13. Најефикасен кај битолскиот тим беше Тео Спировски со пет гола, додека кај тимот од Кавадарци најефикасен беше Зоран Наумов со пет гола.

Прилеп освои лесно бодови против Голден Арт Аеродром, откако беше подобар со резултат 28-15. Најефикасни кај Прилеп беа Лука Талески и Христијан Сивески со по четири гола, додека кај Голден Арт Аеродром најефикасни беа Вапски со шест гола и Јакимовски со пет гола.

Алкалоид фуриозен против Илинден Вардар со убедливи 28-7. Најефикасен кај Алкалоид беше Дамјан Богоевски со седум гола, додека кај Илинден Вардар најефикасен беше Матеј Златановски со три гола.

Скопје подобар од Вардар Неготино на гостински терен со 25-18. Најефикасен кај Скопје беше Тома Симоновски со седум гола, додека кај Вардар Неготино најефикасен беше Илија Илиевски со осум гола.

Во група В, Куманово ја оправда фаворитската улога против Астраион, па славеше со убедливи 30-14. Најефикасен кај Куманово беше Христија Вујичевски со 13 гола, додека кај Астраион најефикасен беше Тиме Георгиев со пет гола.

Аеродром немаше проблеми околу победата против Македонија Ѓорче Петров (32-19). Најефикасни во составот на Аеродром беа Бојаџиски, Арсиќ и Ѓошевски со по шест гола, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Кузевски со осум гола.

Бисинов победнички против Радовиш со високи 31-10. Лука Станкоски со шест гола најефикасен кај Бисинов, додека во Радовиш најефикасен беше Давид Ѓорѓиев со три гола.

Текстилец се намачи за победа против КЛ7 Свети Николе со 20-16. Најефикасен во редовите на Текстилец беше Мартин Стефанов со осум гола, додека кај КЛ7 Свети Николе најефикасен беше Стефан Ѓеров со пет гола.

Градското дерби го доби Пролет против составот на Бутел Скопје со 27-14. Најефикасни кај Пролет беа Марко Ангелов и Давид Маневски со по шест гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Максим Конески со седум гола.

Пионери, 7. коло, резултати:

Група А
Динг – Јуниор Кисела Вода 52-0

Асови – Охрид 14-40
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 26-12
Струга – Голден Арт 21-18
Мулти Есенс слоб.

Група Б
Еурофарм Пелистер – Тиквеш 21-13

Алкалоид – Илинден Вардар 28-7
Прилеп – Голден Арт Аеродром 28-15
Вардар Неготино – Скопје 18-25
Младост Јуниори слоб.

Група В
Текстилец – КЛ7 Свети Николе 20-16

Бисинов – Радовиш 31-10
Аеродром – Македонија Ѓорче Петров 32-19
Астраион – Куманово 14-30
Бутел – Пролет 14-27