Португалското десно крило Мигел Пинто, ќе отсуствува од ракометните терени најмалку два месеци.
Тој се повреди во подготвителниот период, веќе беше опериран на менискусот на десното колено и сега го чека рехабилитација.
Според лекарските прогнози, Пинто би требало да паузира осум до десет недели и потоа ќе му се стави на располагање на тренерот Владо Недановски.
Тој ги има на располагање Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски на десната крилна позиција, па нема да се почувстува многу отсуството на Пинто.
Вардарци ги чекаат настапите на турнирите во Струга и Охрид пред официјалниот почеток на сезоната.