Пилиповиќ: Ќе играме со радост во финалето без разлика против кого

Голманот на Охрид, Кристијан Пилиповиќ имаше 8 успешни одбрани во полуфиналето од Купот на Македонија, во триумфот на „гладијаторите“ од 26-19 против шампионот Еурофарм Пелистер.

Битолчани го постигнаа својот 10 гол дури во 44 минута, а Охрид играше одлична одбрана.

„Одбраната беше на високо ниво, тие се машина и сите играме подобро со нив. Можеби не е реално да примиш само 10 гола до 45 минута, но тоа е. Не сме тука да бираме, туку да играме без разлика кој ќе ни биде ривал во финалето, вели Пилиповиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

Во недела финалето е закажано во 20 часот.