ПИК Сегед слави трофеј по шест години, Келце ја тресна Висла Плоцк, се радуваа и Кил, Динамо, АЕК…

Изминатиот викенд се одиграа завршниците во Куп натпреварувањата во Романија, Грција, Полска, Германија и Унгарија, како и Ф4 во Балтичката лига.

Tимот на ПИК Сегед ја прекина доминацијата на Веспрем и по 2019 го освои трофејот во Купот на Унгарија, откако славеше во драматично финале со 31-30. Најдобри кај победникот беа Шоштариќ со девет гола и Род со шест, додека кај Веспрем, Елисон имаше 11 реализации, а Косоротов даде шест погодоци.

Во Германија, Кил по драматичната победа над Рајн Некар во полуфиналето, во финалето го победи Мелсунген со 28-23. Ова беше 13. трофеј за „зебрите“, а предводници беа голманот Андреас Вулф со 16 одбрани (41% успешност) и Ерик Јохансон, кој даде седум гола, а Дувњак имаше пет. Во составот на Мелсунген, Јонсон беше стрелец на пет погодоци.

Во Полска, Келце го освои 18. трофеј во Купот, откако во финалето во „светата војна“ ја совлада Висла Плоцк со 27-24. Екс вардарецот Игор Карачиќ со осум гола беше лидерот, а одлична партија имаше и голманот Клемен Ферлин. За Висла Плоцк, Герго Фазекаш беше стрелец на осум погодоци. По израмнетиот старт, Келце успеа да оствари солидна залиха и нивната предност во текот на целиот меч се движеше од три до пет погодоци.

Трофејот во Балтичката лига го освои естонската Полва Сервити, која во финалето на Ф4 беше подобра од литванскиот Драгунас Клаипеда по пеналите, додека трофеи во Купот на Романија, односно Грција со убедливи победи над своите ривали прославија и Динамо Букурешт и АЕК Атина.

Куп на Полска, Ф4:
полуфинале
Стал Миелец – Келце 23-36
Азоти Пулави – Висла Плоцк 25-40
финале
Келце – Висла Плоцк 27-24

Куп на Грција, Ф4:
полуфинале
Зафериакис – АЕК Атина 24-40
Врилисија – Диомидис Аргус 31-22
финале
АЕК Атина – Врилисија 43-21

Куп на Унгарија, Ф4:
полуфинале
Веспрем – Татабања 40-26
Ѓенѓеш – ПИК Сегед 29-34
финале
Веспрем – ПИК Сегед 30-31

Балтичка лига, Ф4:
полуфинале
Драгунас Клаипеда – Тенакс Добеле 34-31
Полва Сервити – Вилјанди Тулевик 26-19
финале
Полва Сервити – Драгунас Клаипеда 27-25 пен.

Куп на Романија, Ф4:
полуфинале
ЧСМ Букурешт – Потаиса Турда 22-26
Динамо Букурешт – Баја Маре 34-23
финале
Динамо Букурешт – Потаиса Турда 39-27

Куп на Германија, Ф4:
полуфинале
Кил – Рајн Некар Левен 32-31 прод.
Мелсунген – Балинген 31-27
финале
Кил – Мелсунген 28-23