Екипата на Драчево со победата над Македонија ЃП од 41:33 се врати во игра за втората позиција на табелата во прволигашкиот плеј-оф.
Драчево со денешниот триумф дојде до 11 бодови на свое конто и го презеде третото место на табелата.
На денешниот дуел во Ѓорче Петров се беше решено уште по првото полувреме, кое гостите го добија со 20:15.
Во вториот дел до израз дојде квалитетот меѓу двете екипи, гостинскиот тим имаше неколку расположени играчи и осетно ја зголеми својата предност.
Најефикасен во победничката екипа беше Димитар Петковски со 13 погодоци, а го следеше Филип Дабевски со девет реализации.
Кај домашиот тим прво име беше новото засилување Мартин Бучковски со осум погодоци, по седум имаа Дамјан Миновски и Максимилијан Ѓиноски.