Екипата на Јувента Михаловце, во која настапува репрезентативката на Македонија, Драгана Петковска, на првиот натпревар од полуфиналето од Европскиот Куп славеше против Валур со два гола разлика, 25:23.
Реванш натпреварот ќе се одигра следниот викенд, а словачкиот тим е на чекор до финале и борба за трофеј.
Викендов, освен Драгана Петковска, како и Сара Ристовска, свој настап во европските натпреварувања имаше и Бојан Маџовски. Македонецот заедно со Партизан за ривал во четвртфиналето од Европскиот Куп го добија АЕК Атина и беа поразени на првиот натпревар со 27:22.
Српскиот клуб реваншот ќе го одигра на свој терен и со поддршка од навивачите ќе се обиде да ја анулира негативата.
Лига на шампиони, жени, осминафинале:
Подравка – Брест Бретањ 27-26
Рапид Букурешт – ЧСМ Букурешт 24-34
Лудвигсбург – Крим 31-21
Сторхамар – Оденсе 20-33
Лига на Европа, жени, четвртфинале:
Турингер – Валчеа 35-29
Икаст – Дунареа Браила 32-30
Дижон – Бенсхајм 31-27
Бера Бера – Бломберг 25-28
Европски Куп, жени, полуфинале:
Јувента Михаловце – Валур 25-23
Порињо – Кинжварт 31-28
Европски Куп, мажи, четвртфинале:
Хаукар – Извиѓач 30-27
АЕК Атина – Партизан 27-22
Олимпијакос – Рунар Сандефјорд 37-31
Баја Маре – Алкалоид 31-31
Лига на Европа, мажи, осминафинале:
25/03, 18:45, Криенс Луцерн – Лимож
25/03, 18:45, Гумерсбах – Мелсунген
25/03, 20:45, Бенфика – ГОГ Гудме
25/03, 20:45, Порто – Тулуз
Лига на шампиони, мажи, осминафинале:
26/03, 18:45, Динамо Букурешт – Магдебург
26/03, 20:45, Келце – Фуксе Берлин
27/03, 18:45, ПИК Сегед – ПСЖ
27/03, 20:45, Висла Плоцк – Нант