Тоа што одамна беше најавено, денеска на состанокот на УО на руската ракометна федерација ја доби својата официјализација.
Велимир Петковиќ и ФГР не ја продолжија соработката, па машката репрезентација на Русија доби нов селектор.
Тоа е Лев Вороњин, кој во меѓувреме ја извршува и функцијата генерален директор на федерацијата, но легендарниот ракометар има тренерско искуство.
Вороњин работеше во Динамо Астрахан и Пермски Медведи своевремено, а беше дел од стручниот штаб на Дмитри Торгованов, кој ја водеше репрезентацијата од 2015 до 2017 година.
Русија е суспендирана од ЕХФ и ИХФ, и последен пат беше дел од ЕП 2022 година, а нема да игра на меѓународна сцена најмалку до СП 2027 година.