Петка за Талески во триумфот на Бенфика

Тимот на Бенфика каде што игра македонскиот интернационалец Филип Талески, оствари нова победа во португалскиот шампионат.

Бенфика славеше на гостински терен кај составот на Гаиа со 29-26, а на полувреме тимот од Лисабон имаше само плус еден, 14-13.

Македонскиот интернационалец имаше пет погодоци и беше втор стрелец на натпреварот во Бенфика.

Талески и Бенфика сега 37 бода на третото место на табелата, а следниот натпревар го играат дома против Виторија.