Zurab ABRAMISHVILI and Teimuraz ORJONIKIDZE, Georgia vs Sweden, Men's EHF EURO 2024 Germany, Mannheim, Germany, 13.01.2024, Mandatory Credit © Eva Manhart / kolektiff

Пет репрезентации на ЕП веќе се пакуваат за дома

Денес на Европското првенство 2024 кое се игра во Германија ќе продолжат натпреварите во рамки од второто коло од групната фаза.

По одиграните вчерашни дуели, познато е веќе кои репрезентации се пакуваат за дома.

Тоа се репрезентациите на БиХ, Грузија, Полска, Чешка и Грција. Сите пет споменати репрезентации беа поразени во првото и второто коло.

Грузија и Грција, кои заедно со Фарски Острови се дебитанти на континенталниот собир, ќе се обидат во последното коло да дојдат до победа, со цел да го освојат третото место во својата група.

Освоеното трето место може да им донесе евентуално полесен ривал во квалификациите за пласман на Светското првенство 2025.