Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ги очекува претпоследниот натпревар од Лигата на шампионите во оваа година.
Капитенот на битолчани, Жарко Пешевски вели дека….
„Се подготвуваме напорно за Келце, „ветер во грб“ ни е одличното второ полувреме кое против нив го одигравме во Битола. Пофалните зборови од Талант Душебаев ни даваат до знаење дека треба уште повеќе да нагазиш, да се покажеш во уште подобро светло и на гостински терен. Доаѓањето на Филип Кузмановски ни даде елан за повеќе да веруваме. Македонските ракометари треба да преземат повеќе одговорност. Имаме Македонци кои знаат да играат во Лигата на шампионите и потпомогнати од интернационалните засилувања, време е да одиграме квалитетни 60 минути и зошто да не се радуваме“, вели Пешевски.
Келце за разлика од првиот натпревар во Битола, на овој би требало да игра во најсилен состав.
„Келце ќе излезе во поинаков состав во споредба со натпреварот во Битола, каде не играа Алекс Душебаев и Сичко, верувам дека сега ќе играат. Спремаме агресивна одбрана за нив, а во напад треба да бидеме трпеливи и се надевам дека ќе бидеме изненадување. Играта „седум на шест“ секогаш ни е опција. Имаме позитива која нè краси во последниот еден месец и на добар пат сме за позитивни резултати“, заврши Пешевски.
Натпреварот меѓу Келце и Еурофарм Пелистер се игра утре во салата „Легионово“ со почеток во 20:45 часот.