Македонија со поразот од Франција го заврши настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, а со тоа го освои 15 место.
Еден од подобрите играчи на Мундијалот во дресот на Македонија беше кружниот напаѓач Жарко Пешевски.
Членот на Еурофарм Пелистер е задоволен од постигнатото и очекува уште подобри резултати во иднина.
,,Овој натпревар беше натпревар за уживање, мислам дека заслуживме да затвориме со конкурент за злато на ова натпреварување. Репрезентацијата на Франција е сила во ракометот, ни ние се спротиставивме со сите можни сили, оставивме добар впечаток и тоа нека ни биде мотив за во иднина. Во последните неколку години ова е турнир кој на физички план го издржавме, мислам дека многу добро се подготвивме, почнавме најрано, први дојдовме во хотелот и покажавме дека оваа Македонија има сила и мотивација за во иднина да го израдува македонскиот народ“, изјави Пешевски.