„Скандинавците во слободно време возат велосипед, нашите не прават ништо!“

Хрватска имаше големи амбиции на Европското првенство, се најавуваше и финален викенд во Келн, но на крајот многу веројатно избраниците на Горан Перковац ќе завршат на 11 или 12 место.

Перковац по серијата порази во главната рунда, каде неговите ракометари се непрепознатливи, вели дека би променил само една работа пред новите предизвици.

„Би променил само едно нешто – да се тренира во секој слободен ден и ќе инсистирам на тоа. Играчите имаа одмор во договор со кондицискиот тренер, можеби требаше нешто да промениме, но тие рекоа дека се потполни празни и им беше дозволено да спијат повеќе. Јас сум уверен дека ќе ја водам и понатаму репрезентацијата, но некои играчи мора сами да вложуваат повеќе во себе. Скандинавците, Австријците и Швајцарците во слободно време едноставно земаат велосипед, трчаат, планинарат, а знаете и сами дека нашата култура е таква да кога сме слободни, не сакаме да правиме ништо. Спортската култура мора да се дигне на повисоко ниво“, вели Перковац.

Хрватска денеска го игра последниот натпревар на Европското првенство и ќе се соочи со Германија, а со пораз ќе го потврди местото во квалификациите за Олимписките игри.