Пелистерци се пораз се одјавија од Лигата на шампионите

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја со победа да се одјават од Лигата на шампионите, откако на гостувањето во Норвешка кај Колстад беа поразени со 34:27 во натпревар од последното коло од групната фаза во европската елита.

Домаќините уште во воведните десет минути дојдоа до солидна позитива, откако имаа фуриозен налет, па така пелистерци од средината на првиот дел, па до крајот на полувремето бркаа висока негатива.

Голем хендикеп за македонскиот шампион беше повредата на Ненад Костески, кој по само една минута го напушти теренот во Трондхајм. Тој при еден обид да постигне погодок во домашната мрежа, незгодно доскокна.

Колстад поведе со 2:0, потоа дојде до 5:2 и како одминуваше времето растеше предноста за избраниците на Берге. По десет минути игра предноста на Колстад беше 10:4, додека во 15 минута домаќините имаа 12:7.

Норвежаните со квалитетна транзиција немаа проблем да ја одржат стекнатата предност од воведниот дел, најчесто водеа со пет до шест гола ралзика и во финишот од првиот дел дојде до мало опуштање во домашниот табор, па така Еурофарм Пелистер ја преполови негативата, намали на 15:11.

Најзаслужен за преполувањето на негативата беше голманот Урбан Лесјак, кој во првото полувреме имаше седум интервенции. Во натпревар кој не решaва ништо, домаќините не дозволија Еурофарм Пелистер да направи камбек и на полувреме заминаа со предност од 17:13.

Во второто полувреме немаше поголема резултатска промена, домаќините ја одржуваа стекнатата предност, на моменти македонскиот шампион имаше шанса да намали на минус три, но не успеа да ја искористи дадента прилика. Колстад рутински го одработи последниот дел од натпреварот и дебитанската сезона во елитата ја заврши со биланс од пет победи, осум порази и едно реми.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Урош Борзаш со дури 11 погодоци. Кај Колстад листата на стрелци беше предводена од Симен Лисе, кој исто така имаше 11 реализации зад своето име.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140