Пех за Македонија – без Марија Јанкуловска на домашниот Мундијал!

Женската младинска репрезентација на Македонија од среда ја очекува настап на младинскиот Мундијал 2024, кој ќе се одржи во Скопје.

Голен хендикеп за Македонија ќе биде отсуството на членката на Ѓорче Петров, Марија Јанкуловска, која во изборот на 24Ракомет беше избрана за најдобар млад играч на сезоната во Женската лига.

Битолчанката заработи скршеница на стопалото и нема да биде подготвена за настап, па селекторот Јанев остана без одлично решение на левата и средната бековска позиција.

Од претходно Македонија остана без Теодора Дукоска, не се подготвени ниту Александра Коловска, Ива Велкова…па во составот ќе ги нема голем дел од ракометарките што играа на СП за кадетки во 2022 и на ЕП за младинки во 2023 година.

Македонија на младинскиот Мундијал за ривали во групната фаза ги има Исланд, САД и Ангола. Првопласираната и второпласираната репрезентација од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза.

Светското младинско првенство ќе се одржи во периодот од 19 до 30 јуни, а домаќините на најдобрите младински репрезентации ќе бидат СЦ Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“.