Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, мораше да направи измена во составот на националниот тим пред Олимписките игри.
Десниот бек на Алборг, Мадс Хоксер заработи повреда на зглобот, што ќе го оддалечи подолго време од теренот и нема да биде подготвен за настап во Париз.
Јакобсен го повика ветеранот Ханс Линдберг, па сега Никлас Киркелоке повеќе ќе го користи како варијанта за замена за Гидсел, додека Линдберг би требало да има поголема минутажа за разлика од ЕП 2024.
Данска влегува со големи амбиции на олимпискиот турнир, со оглед на тоа што ќе биде последен репрезентативен настап на Никлас Ландин и Микел Хансен.