Пецаковски: Ракометот ме научи на многу работи, но една е најважна!

Еден од најискусните ракометари во Македонија, 38-годишниот Дејан Пецаковски, донесе одлука на крајот од оваа натпреварувачка сезона да му каже збогум на активното играње ракомет.

Левиот бек во својата кариера настапуваше за екипите на Пролет, Металург, Пелистер Вардар и МАКС Струмица. Единственото интернационално искуство го имаше во тунискиот Клуб Африкан.

Последниот негов ангажман беше во Пролет, клуб во кој настапуваше од сезона 2020/21 и беше главна алка во суперлигашот.

,,Крај на едно поглавје од мојот живот . Крај на една прекрасна приказна полна со предизвици. 22 години подеми и падови, убави и помалку неубави моменти. Благодарен сум на животот и телото за оваа прилика , да го уживам секој еден момент поминат на терен , на секоја лекција , на сите повреди што ме натераа да се враќам уште посилен секој пат ! Ракометот ме научи на многу работи , но најважната од се е НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ОТКАЖАМ ! Со многу чувства и измешани емоции време е да кажам дека ова беше последната сезона за мене, и да ви се заблагодарам на сите за поддршката и убавите зборови.  Ми значи премногу…”, напиша Пецаковски на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Pecakovski (@dejanpecakovski)