Бразилскиот репрезентативец Тијагуш Петруш, ја напушта Барселона по седум години и ќе се врати во Унгарија.
Тој потпиша договор на една сезона со унгарскиот Веспрем, и повторно ќе соработува со екс тренерот Чави Пасквал.
Петруш е уште еден во низата со кои Пасквал соработуваше, а сега ги има во Веспрем, меѓу кои се Лука Циндриќ и Али Зеин.
Бразилскиот дефанзивец по седум сезони се враќа во Унгарија, каде го носеше дресот на лутиот ривал на Веспрем, ПИК Сегед, до 2018 година.