Бундеслигашот Мелсунген ја продолжи победничката серија во Бундес лигата – седум триумфи на седум натпревари.
Последна „жртва“ на тимот предводен од екс стратегот на Вардар, Роберто Парондо, беше тимот на Хановер.
Мелсунген на домашен терен го победи учесникот во Лигата на Европа со убедливи осум гола разлика, 34-26.
Сега Мелсунген има 14 бодови на првото место, додека единствен што може да му се придружи е Фуксе Берлин кој има 12 бода и лесен дуел дома со Ајзенах.