Машката репрезентација на Словенија испиша историски резултат со пласманот во полуфиналето на Олимписките игри со триумфот над Норвешка.
Денеска Словенија ќе има голем предизвик пред себе и ќе се соочи со Данска, а селекторот Урош Зорман го потенцира тимскиот дух како најважен.
„Од првиот ден кога ја преземав репрезентацијата, потенцирав дека важно е да бидеме тим. Тимот секогаш победува. И покрај тоа што некогаш индивидуалците се ставени пред тимот, што е нормално, работиме како едно. Ние сме едно големо семејство, а ако се не е како што треба во едно семејство, дури и да ги имате најдобрите играчи во светот, тоа нема да ви помогне. Прво и основно, треба да бидете човек. Можете да бидете најдобар на својот, но ако сте лош човек, што ќе остане од тебе по кариерата? Џабе ти се шест олимписки медали, ако немаш со кој кафе да испиеш кога ќе ја завршиш кариерата и да разговараш. Тоа е мое и наше мото низ животот“, вели Зорман во изјава за „Стадион“.
Кампањата на Зорман не почна најдобро, откако беше елиминиран во баражот за СП 2023, но потоа Словенија доби вајлд-карта, а на ЕП 2024, Словенија беше шеста и обезбеди место на Мундијалот во 2025 година.