Четвртфиналните натпревари од машкиот Олимписки турнир донесоа големи возвудувања и драматични завршници, а два дуели отидоа во продолженија, три завршија со еден гол разлика, а само еден беше со висока победа.
Откако на женскиот меч меѓу Франција и Германија беше срушен рекордот на посетеност на еден женскинатпревар со 26.548 гледачи, на машките дуели од четвртфиналето имаше повеќе од 100.000 гледачи на „Пјер Леруа“ стадионот во Лил.
Дуелот меѓу Франција и Германија кај мажите, го следеа 27.014 гледачи, а тој беше последен во кариерата за легендарниот Никола Карабатиќ.
На скандинавскиот двобој меѓу Данска и Шведска имаше 26.449 гледачи, додека на оној меѓу Норвешка и Словенија беа регистрирани 26.406 гледачи. На утринскиот двобој меѓу Шпанија и Египет беа присутни 25.697 гледачи.
Тоа се вкупно 105.566 гледачи на четири дуели, а кога ќе се земат во предвид и посетите на женските четвртфинални средби, се добива бројка од 196.416 што е одлична посетеност, а за тоа говори и атмосферата на трибините.