Женската репрезентација на Норвешка успеа да слави на третиот натпревар по ред, овојпат против Словенија со убедливи 29-22.
Избраничките на Драган Аџиќ уште по првиот дел имаа негатива од пет гола, 15-10, а во второто полувреме немаа сили да парираат на расположениот ривал.
Кристине Бристол заработи црвен картон, но тоа не беше пречка Норвешка да ја задржи високата позитива.
Инстад, Братсет и Рушфелт беа најдобри стрелци во победничката репрезентација со по четири погодоци, додека кај Словенија предничеа искусните Грос и Мавсар стрелаа по пет пати.
На табелата, Данска, Шведска и Норвешка имаат по шест бода, додека Германија, Кореја и Словенија имаат по два бода. Трите патници во четвртфиналето се веќе познати, додека за последниот билет ќе се борат три селекции.