Селекцијата на Норвешка е последниот полуфиналист на женскиот турнир на Олимписките игри, откако славеше против Бразил со 32-15.
Ова е највисока победа досега во историјата на Олимписките игри на женскиот турнир, кога се работи за елиминациски натпревари.
Победникот беше решен уште по првиот дел кога беше 16-8, а во второто полувреме имаше комплетна доминација на Норвежанките.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Јакобсен со шест и Херем со пет гола, а кај Бразил, Де Паула и Гереиро дадоа по три погодоци.
Покрај Норвешка, место во полуфиналето обезбедија и другите две скандинавски селекции – Данска и Шведска, како и домаќинот Франција.