Ракометарките на Норвешка доминираа во финалето на женскиот олимписки ракометен турнир со триумф 29-21 (15-13) за трето злато на ЛОИ, и истовремено станаа најтрофејна женска репрезентација која има освоено вкупно осум медали досега. Тренерот Торир Хергеирсон исто така стана најтрофејниот тренер во ракометот со 16. освоен медал на градите. Израмнето беше финалето само во првата третина од мечот, а потоа се беше во знакот на Норвешка.
Се израмнија Норвежанките со Данска на табелата нанајдобрите репрезентации на ЛОИ, со по три злата, но тимот предводенод Торир Хергеирсон со своите витрини има и две сребра и три бонзи. Норвежанките се олимписки шампионки по пауза од 12 години. Во 2012 година последен пат освоија злато во Лондон. Потоа двапати по ред беа бронзени.
А тргнаа домаќинките добро во мечот, поведоа со 4-1 најавувајќи можно славје во салата. Но, Норвешка брза возврати, израмни а потоа во последните минути со пресврт го презеде водството и замина на одмор со предност од 15-13.
Се до финалето Франција беше единствен тим што немаше пораз на турнирот. Норвешка загуби во првото коло од Шведска, но потоа „газеше се пред себе“. Така беше и сега во финалето.
Само што почна вториот дел „гостинките“ веќе имаа предност од 18-14, а потоа и 21-15. Тоа беше најава дека Франција тешко ќе се врати во игра, и дека Норвешка е решена да гоосвои златото со кое ќе ги испрати во пензија своите ракометарки, голманката Катрине Лунде која со 44 години беше дел од тимот, и Стине Офтедал која најави пензионирање.