ПАРИЗ 2024: Данска го штиклира и Египет

По победата над Франција во првото коло, Данска забележа уште еден триумф на Олимпискиот турнир, откако славеше против Египет со 30-27.

Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога избраниците на Николај Јакобсен стигнаа до плус десет, 19-9.

Во вториот дел избраниците на Хуан Карлос Пастор успеаја да ја стопат негативата, намалија на минус четири, но немаше време за нешто повеќе.

Гидсел и Арнолдсен беа најдобри стрелци со по осум гола во победата на Данска, додека по пет гола за Египет запишаа Елдера, Јахја и Адел.