Паличка е херој на ПСЖ – одбрани пенал за триумф среде Плоцк!

Ракометарите на ПСЖ славеа на гостувањето кај Висла Плоцк со 24:21 во натпревар од 3. коло од Лигата на шампионите. Полскиот шампион имаше две шанси за да се избори за реми, но искусниот голман на ПСЖ, Андреас Паличка, не им дозволи на домаќините да земат бод од натпреварот.

Висла Плоцк во најголемиот дел од првото полувреме беше во предност, имаше решение за нападот и одбраната на ПСЖ, но во последните пет минути избраниците на Раул Гонзалез влегоа во посакуваниот правец и дојдоа до целосен камбек.

По предноста на домаќините од 11:8, францускиот тим направи серија од 3:0 и во 25 минута дојде до третото изедначување на натпреварот, 11:11. Од тој период, па до паузата, двете екипи постигнаа уште по два гола за нерешен резултат на полувреме, 13:13.

До 45 минута во второто полувреме домаќините имаа контрола на резултатот, потоа ПСЖ беше тимот кој ја диктираше играта, но без голема комоција во играта. Тимот на Гонзалез направи од готово-вересија, при предност од 24:21, дозволи Висла Плоцк да постигна два гола во низа, но и да има напад за нерешено.

Сепак, левото рило Ловро Михиќ не успеа да го совлада Паличка за 24:24, потоа на петнаесетина секунда пред крајот Стеина направи пробивање, а во останатите девет секунди, во кои ги имаше домашниот тим, избраниците на Хавиер Сабате се изборија за пенал, а Дашек имаше сѐ во свои раце, но Паличка повторно ги спаси „светците“.