Пајовиќ: Болно е кога ќе примите таков гол….

Австрија имаше водство на четири секунди до крајот на мечот со Македонија, но на крајот нашите ракометари успеаја да стигнат до реми со голот на Кузмановски во последната секунда.

Селекторот на Австрија, Алеш Пајовиќ, вели дека е болно да се прими таков гол, но дека тоа нема да ги поколеба да се откажат на следните натпревари.

„Очекувавме проблеми на овој дуел бидејќи ја гледавме Македонија во првата фаза, знаевме дека ќе се борат – тие се микс на млади и искусни момци. Иавме проблеми во одбраната да го запреме нивниот пикер кој ни создаде многу проблеми и еден на еден со средниот бек. Во нападот се мачевме со „шест на шест“, па моравме да играме  „седум на шест“, водевме на четири секунди на гол, но тогаш се случи она што се случи, и јасно е дека боли кога ќе примите ваков гол од 13 метри. Имаме проблеми со составот, но тоа нема да не спречи да продолжиме да напредуваме и да се подготвуваме за следните дуели“, изјави Пајовиќ.

Австрија во второто коло ќе игра против Унгарија, додека за последен ривал ќе ја има Холандија.